Трамп: Честит 8 Септември, САД се горди што се ваш сојузник

-

Соединетите Американски Држави (САД) се горди што се ваш сојузник и ги поддржуваат аспирациите на Северна Македонија за понатамошна европска интеграција и за вашиот пат кон членство во Европската Унија, напишал американскиот претседател Доналд Трамп во честитката до претседателот Стево Пендаровски, по повод 8 Септември, Денот на независноста.

„Оваа година одбележувањето е во околности кога сме соочени со глобалната пандемија. И покрај овој огромен предизвик, Северна Македонија безбедно и транспарентно одржа демократски избори во јули, а вашата земја останува посветена на унапредување на безбедноста, стабилноста и просперитетот во регионот. Во прилог на позитивниот исчекор со зачленувањето во НАТО, Северна Македонија веќе придонесува кон Алијансата, како домаќин на големи вежби на воениот полигон Криволак“, се наведува во честитката на претседателот Трамп.

Честитката од Доналд Трамп на македонскиот претседател денеска му ја предала амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнс, информираат од кабинетот на Стево Пендаровски.

На средбата меѓу амбасадорката Брнс и претседателот Пендаровски се разговарало за предизвиците коишто ги носи пандемијата на ковид-19, во чие справување од помош беше и американската поддршка за здравствените работници, како и за останатите сектори за граѓаните коишто беа погодени од кризата.

„Соговорниците разменија мислења и за предизвиците коишто и претстојат на новата влада и потребата од одржување на националниот консензус со цел успешно да ги спроведеме реформите потребни за исполнување на нашата втора стратешка цел, членството во ЕУ, откако станавме полноправна членка на НАТО изминатата пролет“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...