Тачи и Ибраимовски утре ќе даваат искази во СЈО

Лидерите на ДПА, Мендух Тачи и на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски в понеделник се повикани да дадат искази во Специјално јавно обвинителство, потврдиле од нивните партии за sdk.mk.

Тие се повикани како сведоци во предистражна постапка во врска со истрага за дела што произлегоа од аудио-снимките од  прислушуваните разговори што лани ги објави опозицијата.

Пред една недела, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави дека во периодот што следи, во СЈО ќе има зголемена фрекфенција на лица кои се повикуваат во врска со предметите што ги води Обвинителството.