Стримерот „АјШоуСпид“ достигна 1 милион гледачи на Јутјуб додека беше во Индонезија

Минатата недела „АјШоуСпид“ ​​го собори својот рекорд на најголема гледаност со привлекување 610.000 истовремени корисници. Овој пат, тој речиси ја дуплираше таа бројка, при што имаше 1.043.028 гледачи одеднаш додека беше на турнеја во Индонезија.

Фото: Szabo Viktor on Unsplash

Контроверзниот стример „АјШоуСпид“ (IShowSpeed) ​постигна монументална пресвртница на Јутјуб, додека беше на својата туренија низ Индонезија. Тој достигна еден милион истовремени гледачи на својот стрим.

Со ова, младиот стример направи огромен рекорд бидејќи неговата содржина беше првиот пренос во живо со над еден милион истовремени гледачи на содржина направена од креатор, а не содржина како пренесување фудбалски турнир или прикажување на нови модели на телефони на „Епл“.

Минатата недела „АјШоуСпид“ ​​го собори својот рекорд на најголема гледаност со привлекување 610.000 истовремени корисници. Овој пат, тој речиси ја дуплираше таа бројка, при што имаше 1.043.028 гледачи одеднаш додека беше на турнеја во Индонезија.

Пред камерата и стоејќи пред стотиците фанови кои се појавуваат каде и да оди, стримерот ​​прослави со сите нив заедно. Во последниве месеци, од креатор што фрла огномет во неговата спална соба тој прерасна во суперѕвезда која лута по светот и прави содржина во живо.

За споредба, најгледани стримови на Јутјуб се „Слетувањето на Чандрајан-3 во Индија“ кој беше проследен од осум милиони гледачи, и двата меча на Светското првенство во Катар 2022 година (Бразил – Хрватска и Бразил – Јужна Кореја), чии стримови беа гледани од повеќе од шест милиони корисници.