Средба Величковски – Острени: Потребно е одговорно однесување на политичките елити

Лидерите на Либерална партија и на Унитети, Ивон Величковски и Гзим Острени, денеска се сретнаа во хотелот „Александар палас“.

На средбата соговорниците се согласија дека веродостојни избори се единствен излез од тековната политичка криза, но и дека земјата веќе е оптоварена со сè поизразената бегалска криза, која е предизвик и за Македонија и за земјите во регионот и за Европа.

Величковски и Острени заеднички оценија дека е потребно одговорно однесување на политичките елити во власта, кои со своите постапки во моментот предизвикуваат нови поделби меѓу граѓаните и тензии во предизборниот период.

Лидерите се согласија и дека функционалноста на државата зависи од успехот во градењето компактно граѓанско општество во кое разликите не се пречка, но и дека почитувањето на основните и на колективните права и слободи на граѓаните се составен дел на ваквиот пристап.