Спасовски: Македонија тоне во сè поголема сиромаштија и во сè полоша економска состојба

Вчера и денеска, заедно со претседателката на Комсиијата за земјоделство, Татјана Прентовиќ, сме во посета на општините Новаци и Могила за да поразговараме со граѓаните за проблемите што ги мачат. Меѓутоа овде посебно се изразни проблемите во земјоделството, така што на терен разговараме за актуелните проблеми на земјоделците, пред сè, сега, со откупот на тутунот, вели Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.

– Се гледа дека постои сериозно разочарување и апатија кај граѓаните од овие две општини поради тоа што не можат да преживеат во условите во коишто се наоѓа и самата држава и мислам дека одговорноста на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од Никола Груевски е сериозна за ваквата состојба. Македонија тоне во сè поголема сиромаштија и во сè полоша економска состојба. Затоа сите ние мораме да се мобилизираме за да направиме еден чекор, заеднички да направиме сè, за да покажеме дека овие погубни политики не може понатаму да ја водат Република Македонија – рече Спасовски.