Сончево и топло претпладне, попладне и ноќва дожд

Времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во југозападните подрачја ќе има врнежи од дожд, кои преку ноќта ќе се прошират и во останатите делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура се движеше од -1 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 12 и 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 22 Целзиусови степени.