Сончево и многу топло време, во Повардарието жолт аларм

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Поради високите температури долж Повардарието ќе биде активиран жолт метеоаларм.

Утринската температура се движи помеѓу 6 и 14 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло време. Утринската температура се спушти до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Утре попладне ќе настапи значителна промена на временската состојба, проследена со засилен ветер и опаѓање на температурата во северните делови. Во југоисточните делови сѐ уште ќе биде активиран жолт метеоаларм за високи температури.

В четврток ќе преовладува променливо облачно и свежо време, со повремени врнежи од дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и в петок.