Скопската обиколница и денеска затворена

Скопската обиколница и денеска ќе биде затворена за сообраќај, заради снимањето на францускиот филм „А фонд“, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), во име на продуцентската куќа „Шик филмс“ (Chic Films) и „Мануфактура продукција“.

Како што информираат од АМСМ, обиколницата околу Скопје за сообраќај ќе биде затворена до сабота (10 октомври), за потребите на снимањето на филмот.