Силен земјотрес од 6,3 степени го потресе Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот остров на Нов Зеланд. Засега нема информации за причинета штета и за евентуални жртви.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на островот, на длабочина од 37 километри.

Потресот доаѓа една недела откако силен земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди јужниот новозеландски остров и усмрти две лица.