Силен земјотрес од 5,3 степени според Рихтер ја погоди Хрватска

фото: Европско-медитарански сеизмолошки центар (ЕМСЦ)

Силен земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 10 часот и 47 минути ја погоди Хрватска. Епицентарот на земјотресот бил на Крк, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Потресот се случил на длабочина од 10 километри, а бил почувствуван низ Кварнер и Приморско-горската жупанија, но и во Загреб, Шибеник, Истра и Далматинска Загора.

Претседателот на хрватското собрание, Гордан Јандроковиќ изрази надеж дека нема жртви или материјална штета во земјотресот, пренесе „Dnevnik.hr“.

Во декември 2020 година, разорен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер ја уништи хрватска Петриња.