Шешељ: Вучиќ ми е единствена конкуренција за претседател

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2017 година и додаде дека единствена конкуренција на тие избори би му бил актуелниот премиер Александар Вучиќ.

– За мене клучно прашање е дали Вучиќ ќе се кандидира или не. Објективно, ако се кандидира, тоа би било поприлично тесно за мене, но не безнадежно. А ако се кандидира кој било друг, во тоа не гледам конкуренција – рече Шешељ за денешниот белградски „Курур“.

Лидерот на радикалите изрази уверување дека во случај да победи на тие избори, новиот претседател на САД, Доналд Трамп, сигурно ќе дојде во Србија.