Шекуларац почина лани, не на Бадник оваа година

Легендарниот фудбалер Драгослав Шекуларац – Шеки почина лани на 5 јануари, а не на Бадник оваа година, пишува „КриТинк“.

Смртта на Драгослав Шекуларац која се случи на 5 јануари 2019 година, некои медиуми е претставена како да се случила годинава на 6 јануари.

Ваквата појава на реобјавување на вести на ист датум, ама од лани и преклани, најчесто се должи на тоа што информацијата  се појавува на тајмлајн на „Фејсбук“, како потсетување што се случило на истиот ден годините претходно. Но, медиумот пред да објави е должен да ја провери вистинитоста, односно времето кога тоа се случило.