Се договориле да отстрелаат дива свиња за пари, полицијата ги привела

Дивата свиња, по отстрелот, била товарена и донесена со возило, но полицијата ја одзела и ја предала на Агенцијата за храна и ветеринарство

Photo by Danny Kroon on Unsplash

Две лица од тетовско се лишени од слобода поради сомнение за извршен незаконит лов. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера попладне, 44-годишниот П.Ј. од тетовска Брвеница и 64-годишниот Љ.Л. од Фалише биле приведени под сомнение дека претходно, за одредена сума на пари, се договориле да му  отстрелаат свиња и да му ја донесат на второосомничениот.

Дивата свиња, по отстрелот, била товарена и донесена со возило, но била одземена и предадена на Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци“, соопшти полицијата.