Санадер останува в затвор, судот ги отфрли недвижностите како можност за кауција

Загрепскиот жупаниски суд одби да прифати две понудени недвижности како кауција, со која поранешниот хрватски премиер Иво Санадер би можел да го замени престојот во истражниот затвор со одбрана од слобода, пренесува „Јутарњи лист“.

Според овој медиум, судот не бил задоволен од понудената документација. Адвокатите на Санадер го предложиле имотот како кауција бидејќи врховниот суд во четвртокот ја укина пресудата против Санадер и му се продолжи притворот за случајот „Фими медија“.

Пресудата против поранешниот премиер и другите обвинети во случајот „Фими медија“, вклучувајќи ја и ХДЗ, врховниот суд ја укина во четвртокот и ја врати на повторно судење, поради повреда на кривичните постапки и на правото на праведно судење.