Саем на книга во Народен театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ во Велес

„Неделата на книга“ и официјално почна во Велес. Во организација на „Клуб Матица“, Народниот театар, а поддржана од Општина Велес, оваа манифестација ветува многу возбудливи наслови. Велешани ќе имаат можност од 16 до 18 април да си ги купат омилените книги, а со тоа да помогнат да се соберат средства со кои ќе се купат книги и ќе се донираат во Библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес.

– Сметам дека овој настан е од големо значење за велешани, пишаниот збор и за достапноста на книгите. Овие три дена, од 16 до 18 април во Велес ќе може секој да си ги купи омилените наслови, а со тоа да придонесе за богата полица со книги дома и во Библиотеката во Велес. Благодарност до градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, како и на домаќинот, директорот на Народниот театар, Јордан Витанов – изјави Дејан Павлески, директор на „Матица“.