Рекордно производство во преработувачката индустрија

Преработувачката индустрија минатата година ја заврши со рекордно високо производство, најголемо во последните 20 години.

Ова денеска беше соопштено на координативниот состанок на претставниците од оваа индустрија.

– Бројките ќе ги почекаме до март, но од она што беше увидено на терен, ланската година беше многу подобра од 2014 година. Климата беше најдобра во последните пет години, така што земјоделските производи имаа и квалитет и количество. Имаше суровина за откуп, за разлика од 2014 година. Преработувачките капацитети беа полни – изјави секретарот на Македонската асоцијација на преработувачи, Сашо Ристовски.

Она што им е цел во иднина е подобрување на договорното произвдоство, односно поголема координација со земјоделците и со институциите.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, истакна дека околу 23 милиони денари се предвидени за маркетинг-активности за овој сектор и за промоција надвор од земјава.

Средствата ќе бидат распределени во зависност од извозот на одредена компанија.