Регистрирани нови 293 ковид случаи, 23 отсто од тестираните се позитивни

Фото: NIAID-RML (https://www.niaid.nih.gov/ & https://www.niaid.nih.gov/about/rocky-mountain-laboratories), CC BY 2.0, Викимедија комонс

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на ковид-19. Процентуално земено, 23 отсто од вкупниот број на тестови се позитивно, што е неколкукратен скок споредено со претходните денови.

Најголем број од новите случаи се во Скопје – 157 лица. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 81 реинфекции.

„Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од системот „Мој Термин“ нема регистрирано починато лице“, информираат во МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 2.085.639 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.794, бројот на оздравени пациенти е 304.341, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.126.