Раскинат договорот за болницата во Штип, ќе се активира банкарската гаранција

Болницата требало да биде готова во 2018 година, а не е завршена ниту во 2023 година

Клиничка болница Штип. Фото: Вистиномер.мк

Еднострано е раскинат договорот за изградба на болницата во Штип, открива министерот за здравство, Фатмир Меџити, во интервју за „Макфакс“.

Тој посочува дека ќе ја активира и банкарската гаранција бидејќи болницата се гради 16 години, требало да биде готова во 2018 година, а не е завршена ниту во 2023 година.