Пронајден мртов напаѓачот на џамијата во Цирих

Напаѓачот кој рани три лица во исламскиот центар во Цирих е мртов, соопшти полицијата.
Кантонската полиција во Цирих соопшти дека властите го идентификувале осомничениот за нападот, но не изнесе повеќе детали.

Напаѓачот вчера упадна во исламски центар и отвори оган кон верниците.

Швајцарската полиција, откако го пронајде телото, ја прекина потрагата.

Инцидентот се случи во молитвен дом во близина на железничката станица во центарот на Цирих.