Променливо облачно со повремени поројни дождови

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во северозападниот дел на земјата ќе бидат на моменти и поројни.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 22 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, променливо облачно, со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 Целзиусови степени.