Преполовена е испораката на руска нафта за Европа

Преполовена е испораката на нафта од Русија до Европа преку нафтоводот „Дружба“ поради дефект во Белорусија, соопшти „Транснеф“.

Испораката на нафта се очекува целосно да биде вратена во нормала до вечерва.
Од „Транснеф“ соопштуваат дека поради дефектот на нафтоводот „Друѓба“, априлската испораката на нафта за Европа веројатно нема да биде целосно спроведена, но наведуваат дека тоа ќе се надомести во мај.