Повеќе од 430 луѓе умреле од топлотен бран во Индија

-

Повеќе од 430 луѓе умреле во две држави на југот на Индија поради топлотен бран. Неколку дена по ред температурата надминувала 50 Целзиусови степени, соопштија индиските власти.
Се очекува бројот на мртви да се зголеми затоа што температурата не покажува знаци на намалување.

Топлотниот бран ја зафати Индија пред неколку дена. Во главниот град, Њу Делхи, температурата достигна 45 степени и предизвика прекин на електричната енергија. Најтешко се погодени државите Андра Прадеш и Телангана. Откако од преголема топлина починаа 246 лица, властите во Андра Прадеш го повикаа населението да не престојува долго на сонце.

– Поголемиот дел од починатите биле директно изложени на сонце, постари од 50 години и потекнуваат од работничка класа – рекол Тулси Рани, висок функционер во дирекцијата за природни катастрофи на државата Андреа Прадеш.

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Со скромна церемонија, oпштина Чаир денескa во Паркот „Украина“ го организираше поставувањето на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за...

Играта „Wоrld of Warcraft“ ќе може да се игра само со едно копче по новото ажурирање

По новото ажурирање во играта „Wоrld of Warcraft“ познато како Patch 11.1.7, играта ќе може да се игра само со едно копче. Што точно значи тоа? Се однесува на имплементацијата на копче...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на...