Пожарот во тетовскиот ковид-центар е изгаснат, градоначалничката Арфи изрази жалење за пациентите

Фото: Порталб

Пожарот во тетовскиот ковид-центар е изгасен по реакцијата на противпожарните единици, информираат новинарите на Порталб.мк.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи од местото на настанот изјави дека според нејзините информации пожарот избил околу 21 часот и се проширил со голема брзина, а пожарникарите интервенирале веднаш.

Арифи изрази жалење за пациентите кои во моментот на избивање на пожарот се наоѓаа во ковид центарот.

Сè уште нема официјални информации за бројот на повредени или евентуални жртви.