Пожар ја зафати фабриката за дрвена амбалажа и пелети „Ником“ во Кавадарци

Пожарот е локализиран, но фабриката е целосно изгорела до темел

Фото: Принтскрин од Фејсбук страницата на Митко Јанчев

Вчеравечер избил голем пожар во фабриката за дрвена амбалажа и пелети „Ником“ во Кавадарци. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот траел од 10 часот до 3 часот по полноќ и е локализиран.

Поради горливиот материјал, пожарот ја зафатил цела фабрика и има голема материјална штета, соопштува ЦУК.

Во гаснењето биле вклучени ТППЕ Кавадарци со 20 пожарникари и 8 ПП возила, ТППЕ Велес со 7 пожарникари и 2 ПП возила, ТППЕ Неготино со 2 пожарникари и 1 ПП возило, ЈП Комуналец Кавадарци со 3 вработени и 3 цистерни, Голд Никел со 2 пожарникари и 1 ПП возило, ЈП НШ подружница Бор Кавадарци со 1 вработен и 1 ПП цистерна.