Пожар изби во Расадник, се шири кон бензиската пумпа и станбените згради

Има бензиска пумпа во близина, но нема потреба од вознемиреност меѓу граѓаните, вели Стојанче Ангелов

Фото: Мета.мк

Попладнево пожар изби во местото Расадник во општината Кисела Вода. Пожарникари гасат на терен, иако пламените јазици се близу станбените згради што се наоѓаат близу Расадник.

„Во овој момент беснее шумски пожар во расадникот. Горат ореови дрвја грмушки и трева, пожарот се шири во сите насоки. Има екипи од скопските пожарникари. Околните објекти верувам ќе бидат заштитени. Има бензиска пумпа во близина, а во близина се и зградите во Кисела Вода, пожарот се шири на сите страни. Нема потреба од вознемиреност без разлика од густиот и црн чад, верувам дека пожарникарите ќе го изгаснат овој невообичаен и апсурден пожар“, рече Стојанче Ангелов директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).