Последна епизода на „Шорткат“ за оваа сезона: Селекција на отпад во Скопје и Тетово

Од почетокот на годинава, граѓаните на Скопје и Тетово имаат можност да селектираат отпад во нови вендинг машини што се поставени низ маркетите во овие градови. Лименки и пластични шишиња може да се селектираат во машините на „Пакомак“, а за возврат граѓаните добиваат зелени поени кои можат да ги искористат за пазарување во маркетите.

Како функционира овој систем и кои се придобивките од него – дознаваме во последната епизода на „Шорткат“ за оваа сезона.

Во неделните вести за млади информираме и за влијанието на климатските промени во земјава и за изминатава зимска сезона без снег.

Го објаснуваме начинот на кој деветтoодделенците ќе може да се запишат во средно училиште преку неодамна објавениот конкурс, а ќе ја погледнеме и досетливата иницијатива за 1 април на средношколците од радовишкото училиште „Коста Сусинов“.

Разговаравме и со неколку матуранти и дознаваме како течат подготовките за полагањето на државната матура, но и за матурските прослави.

Место во новата епизода на „Шорткат“ најде и Маршот за видливост на трансродовите лица, а информираме и за забраната на четботот ChatGPT во Италија.

Последната епизода на неделните вести за млади „Шорткат“ за оваа сезона ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.