Порака од Брисел: Од Договорот од Пржино нема излегување

Евроинтеграциите на Македонија зависат од априлските предвремени избори, извештајот на Прибе и од Договорот од Пржино, порачуваат дипломатите од Брисел, објави „24Вести“.

Дипломатите велат дека од Договорот од Пржино нема излегување и преземените обврски мора да се исполнат до крај.

Според нив, специјалната обвинителка мора да ја извршува задачата која ѝ е доверена.

Европратеникот Иво Вајгл, кој утре доаѓа во Скопје, изјави дека очекува политичарите до крај да го спроведат договореното и тоа да биде нотирано во следниот извештај на Европската комисија.

Вајгел најавува и средби со политичките партии и со специјалната обвинителка.

Од Брисел нема најави кога конкретно ќе биде објавен извештајот за напредокот на земјава.