Половина час шетање на милениците за време на полицискиот час за викенд

Премиерот Оливер Спасовски на својот Твитер профил ги извести граѓаните дека за време на викендите дозволено ќе биде шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање.

Како што пишува тој, оваа измена во уредбата за ограничено движење е со цел да им се излезе во пресрет на сопствениците на домашните миленици.

Мерките за ограничување на движењето за време на викендите, во период од 16 до 5 часот наредниот ден што ги опфаќа сите граѓани, предизвика бурни реакции кај Здруженијата за заштита на животните и сопствениците на миленици. Тие апелираа да се конкретизира мерката во однос на сопствениците на миленици кои што имаат потреби да ги извршуваат своите физиолошки потреби во природата.