Полицијата доби донација од два џипа со гасеници за снег

Делегацијата на Европската унија во Скопје и Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска на Министерството за внатрешни (МВР) работи му донираа две теренски возила марка „Нисан навара“ и сет TRACK’N’GO, односно додатни гасеници кои овозможуваат движење на тежок терен.

Системот се состои од по еден склоп со гасеници за секое од четирите тркала на џипот.

Возилата ќе се користат од тимовите за интервенција и за пристап до телекомуникациските системи на МВР заради нивно одржување, велат од Министерството.