Почина Томислав Чокревски, професор и поранешен министер за внатрешни работи

Во Скопје денеска почина проф. д-р Томислав Чокревски, поранешен министер за внатрешни работи, соопшти МВР.

Чокревски беше на чело на Министерството за внатрешни работи од  почетокот на 1996 година до крајот на 1998 година.

Тој беше и професор на Правниот факултет во Скопје, како и негов декан во 1991 и 1992 година. Од 1992 до 1994 година беше ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Покрај министерувањето во МВР, тој бил и министер во владата на Социјалистичка Република Македонија, односно републички секретар за образование, наука и култура од 1967 до 1971 година.

Томислав Чокревски е роден во Битола, на 11 декември 1934 година.