По вербалната расправија го удирл со чекан по глава

Тетовец со чекан нападнал багерист кој работел во близина на неговиот дом, по што багеристот извадил пиштол и пукал во воздухот.

„Во село Селце, тетовско, настанала вербална расправија помеѓу Ј.К.(38) и Р.А.(36) кој со багер извршувал градежни работи, а бил ангажиран од страна на Б.И.(40). Во еден момент Ј.К. фрлил чекан кон Р.А. кој бил на багерот и му нанел повреди во пределот на телото по што дошол и Б.И. за да ги раздели. Р.А. извадил пиштол и испукал еден истрел во непознат правец. По кратко време пристигнале и браќата на Ј.К. и го напуштле напуштиле местото на настанот. Повредениот Р.А. е пренесен во Клиничката Болница во Тетово каде му е укажана лекарска помош“, информираат од МВР.