Пироман ја палел сувата трева во Расадник – Кисела Вода, пожарот е изгаснат

Од граѓанин било пријавено дека било забележано едно лице како намерно запалило сува трева во расадникот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје

Фото: Мета.мк

Денеска во 03.36 часот во СВР Скопје, од граѓанин било пријавено дека било забележано едно лице како намерно запалило сува трева во расадникот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема“, соопшти МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.