Извор на фотографија: Влада на РСМ

Пациент на 23 годишна возраст е најмладиот од 17те починати како резултат на компликации од ковид-19 во последните 24 часа. Највозрасниот починат имал 90 години, соопшти Министерството за здравство.

Според официјалните бројки, скоро 33 отсто од направените тестови (4.096) биле позитивни (1.347). Најголем дел, скоро половината, од ново регистрираните заразени од SARS-CoV-2 се од Скопје, потоа од Куманово, Прилеп, Велес, Охрид, Битола, Кавадарци и Тетово. Бројот на активни случаи се искачи над 16.000.

Од 17те починати, 8 се од Скопје, двајца од Прилеп и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница.

Од пријавените, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови, велат од Министерството за здравство

За истиот период, биле регистрирани 451 оздравени пациенти од кои повеќе од половината се од Скопје, потоа од Прилеп, Кавадарци, Гевгелија 9, Штип – 17, Неготино, Кочани, Тетово и Велес, како и од останатите градови во внатрешноста.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, а бројката на оздравени пациенти е 102.652. Досега од компликации со вирусот починаа 3.545 лица.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека додека не се добие одлука од производителите дека вакцините се товарат, тие не можат точно да кажат кога ќе пристигнат вакцините за масовна имунизација на населението. Тој рече дека следната недела треба да пристигне втората доза за 3.000 здравствени работници од руската вакцина „Спутник В“, но и очекува дека кон крајот на месецов ќе пристигнат првите количини вакцини преку Ковакс механизмот од „АстраЗенека“.