Отворен меѓународниот саем за книги во Белград

Меѓународен саем за книги, под слоганот „Книги во рака“, со повеќе од 450 српски и странски изложувачи, беше отворен вчера во Белград и ќе трае до 30 октомври.

На 61. Меѓународен саем за книги, почесен гостин ќе биде Иран, а иранската писателка Наргес Абјар укажа на значењето што го имаат книгите во нејзината земја, за што говори и податокот дека меѓународниот саем за книги во Техеран го посетуваат околу шест милиони луѓе.

На саемот освен српските изложувачи, има 40 странски, од Белорусија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Индија, Израел, Јапонија, Кина, Унгарија, Русија, Словенија.