Ограбил продавница во Скопје, при бегање паднал па завршил во болница

Откако паднал и се повредил, несудениот крадец бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош

Фото: МВР

Откако со пиштол и нож ограбил продавница, при обидот да избега паднал и се повредил, по што сопственикот на продавницата го совладал и повикал полиција. Настанот се случил вчера попладне на подрачјето на Општина Карпош во Скопје.

„На 30.05.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, К.К.(52) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот во неговиот продажен објект на подрачје на Карпош, едно лице со закана со пиштол и нож од касата одзело пари и при обид да избега, паднало и се повредило, а тој успеал да го совлада и да повика полиција. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за И.С.(37) од Скопје и од него биле одземени пиштолот и ножот“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Повреденото лице било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Полицијата најавува целосно расчистување и документирање на случајот, како и соодветна пријава.