Од ноќеска ќе поскапат сите горива

фото: Мета.мк

Од ноќеска на полноќ се зголемуваат цените на сите горива, откако ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Цените на бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел се зголемуваат за половина денар по литар, додека бензинот Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар за литар. Според ова, новата цена на дизел горивото од вечерва ќе изнесува 77 денари за литар, бензинот Еуросупер БС-95 ќе чини 82 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 84,5 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денари и од ноќеска ќе чини 76,5 денари за литар. Поскапува и мазутот и тоа за 0,065 денари по килограм, па според ова, новата цена ќе изнесува 42,262 денари за килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,712 отсто, информираше РКЕВУ.