Обединетото Кралство прва меѓу десетте земји со најголеми ветерни електрани на море

Фото: Shaun Dakin, Unsplash

Употребата на енергијата од ветерот добива сѐ позначајна улога во „зелената“ економска обнова во светот. Последниот извештај на енергетскиот портал “Renewable UK” открива дека Обединетото Кралство го задржа водечкото место во светот во употребата на енергијата на ветерот на море.

Во последните 12 месеци, бројот на таквите проекти без разлика дали станува збор за тие кои веќе произведуваат струја или се во фаза на изградба, преговори и планови, се зголемил за 30 отсто, од 122 на 159 гигавати. Тоа претставува една четвртина од вкупните светски капацитети на ветроелектраните на морињата.

На второто место е Кина, каде вкупната моќност на ветерните електрани на море изнесува 19,3 ггв. и каде за една година има пораст од 60 отсто (од 12 ггв.), што резултираше со скок на скалата за две места, бидејќи претходно беше на четврто место во светот.

САД го задржаа третото место, а искористеноста на силата на ветровите на морињата е зголемена за 13 отсто, од 15,7 ггв. на 17,8 ггв. Незавиден напредок има Германија, од 68 мегавати, земјата падна, од второ на 4 место, одржувајќи се на околу 16,5 ггв. јачина на ветерните електрани. Тајван остана на петтото место, а претходната година во земјата имаше зголемување на капацитетите на таканаречените оф-шор ветропаркови, од 28 отсто, или од 8,9 на 11,4 ггв.

Ваквите постројки за производство на струја во Холандија се во пораст, од 6,5 на 11,3 ггв., односно за 74 отсто, што восхитува и со што земјата си обезбеди шеста позиција на светската листа.

Ирска беше уште поуспешна во енергетската транзиција, пренесува енергетскиот портал, со скок од 156 отсто, односно од 3,2 ггв. минатата година, на 8,2 ггв. годинава. Ветерниците на море, покрај придобивките за производство на електрична енергија, на Ирците им обезбедија и седмо место на листата.

По нив е Полска со 6,2 ггв. вкупно инсталирана моќност на ветроелектраните на море. Јачината на овие енергетски капацитети на Данска изнесувала 4,7 ггв., додека Виетнам со 3,6 ггв. се наоѓа на 10-тото место на листата на земји со изградени електрани со најголема моќност кои го користат ветерот од морето.