Нови платформски игри се подготвуваат во следните две години

Trine Clockwork Conspiracy Wallpaper

Во следните две години, ќе излезат нови платформски игри кои сега се во развој. Некои од нив се инвентивни римејкови, како Принцот од Персија (за оваа игра има краток осврт во овој напис), како и играта Tрајн (Trine). Некои од игрите во развој се и сосема нови концепти со интересен гејмплеј, како што е Супер адвенчер хенд (Super Adventure Hand) и Чеисинг д` aнсин (Chasing the unseen). Ова е продолжението на Трајн кое е наречено: 

Tрајн 5: Kлокворк конспираси (Trine 5: A Clockwork Conspiracy)

Што се однесува до референцата во насловот „Clockwork”, се знае дека таа е употребена за култниот филм на Стенли КјубрикA Clockwork Orange кој иронично се занимава со тоа, како функционира модерното општество. Но, овде имаме стимпак механизми и роботи и сепак стои тоа дека лошите во играта им прават механизами и стапици на добрите за да им го попречат патот за напредување. 

Трајн има интересни механики и се игра со повеќе играчи. Има нови механики и комбинирање на ликовите со различни способности за совладување на проблемите и загатките, кои во однос на вештините на ликовите, често се „читаат” од екран кога ќе ја разгледате дадената следна загатка. Нешто што многу им се допаѓа на сите играчи од сите возрасти, е тоа дека можат сами да го најдат логичкото решение и да го поминат нивото, што дава огромна сатисфакција во играњето. Затоа и платформските игри се популарни и претставуваат предизвик и за најизвежбаните играчи, односно за нивните рефлекси и интелегенција. 

Супер адвенчр хенд (Super Adventure Hand)

Ова е игра во развој, во која играте со дланка, базирана на самосвесната рака од „Адамсови” хорор комични филмови што имаат и своевиден најнов римејк со серијата „Среда” на Нетфликс. Исто така, концептот за самосвесна рака во други хорор филмови што имаат и комедија и серии ја има и кај познатиот лик на „Еш” од „Армијата на Темнината”, каде на главниот лик му фали раката која што станува опседната и лоша. Главната улога ја игра актерот Брус Кембл кој е харизматичен и комичен, дури во начинот на кој глуми, личи на Џим Кери. 

Оваа 3Д платфомска игра нема елементи на назнаката „blood and gore” односно не е воопшто експлицитна и крвава, туку е и цензурирана за да се истакнат комичните елементи и да биде и поприфатлива и забавна и за помладите генерации кои многу подоцна ќе се запознаат со комичните-хорор референци преку споменатите серии и филмови. Загатките се интересни, а начините за употреба на раката се комични и инвентивни. На пример, со раката носите клучеви како прстен на палецот додека се движи, а притоа има различни смешни гестикулации и зафати што може да се прават само со една рака. Интересна игра во поколоритна и не толку „страшна” атмосфера. 

Чејсинг д`ансин (Chasing the unseen) 

Уште еден 3Д платформер што потсетува на две претходни одлични игри – играта без насилство The Journey и Плејстејшн играта Shadow of the Colossus. Потсетува и на најновите изданија на Legend of Zelda. Во играта се искачувате и трчате по џиновски суштества, односно долги џиновски змии што служат како патеки извртени нагоре и надолу или суштества како џиновски октоподи каде се движите по пипците како на пат. Има и нивоа со отворени полиња и навигирање низ пештери.

Повеќето нови игри ги комбинираат најпривлечните аспекти усовршени од претходни игри, со што се надоградуваат. Тоа се гледа кај 2Д и 3Д платформерите, каде што се гледа подобрена графика. За платформски игри не се потребни многу пари како за поголемите наслови, но сепак голем број играчи уживаат во овој тип на игри, не само зашто се носталгични, туку и затоа што се навистина забавен жанр на игри што често се играат и во пар.