„Нова Македонија“ ги додели наградите за краток расказ

Добитниците на најдобар краток расказ на годинашниот конкурс на весникот „Нова Македонија“
Добитниците на најдобар краток расказ на годинашниот конкурс на весникот „Нова Македонија“

Најдобар краток расказ на годинешниот конкурс на весникот „Нова Македонија“ е „Зелен клукајдрвец“ на Милован Стефановски. Втора награда на анонимниот конкурс доби Петре Димевски за расказот „Како душата се одвои од телото“, а трета доби Христо Петревски за „(Пре)раскажувачот“.

Доделени се и три откупни награди – на Јосиф Џочков за „Последното слово  на Теохар Георгиев“, на Димитар Димовски за „Создавач на светови“ и на Трајче Крстевски за „Охридскиот крап“.

На конкурсот на „Нова Македонија“ годинава биле пријавени 222 раскази, а наградените ги избра жири-комисија чиј претседател е Тодор Чаловски, а членови се Владимир Плавевски и Снежана Младеновска-Анѓелков.

Наградените раскази ќе бидат објавени во прилогот на весникот ЛИК секоја среда, почнувајќи од идната, со првонаградениот на Стефановски. Конкурсот на „Нова Македонија“ со кратки паузи се организира од 1960 година. Оваа година тој е во рамки на одбележувањето 70 години од излегувањето на весникот (29 октомври 1944).