fbpx
Таг: расказ

таг: расказ

Конкурс за краток хорор расказ на македонски јазик за „Ноќта на вештерките“

Четврта година по ред, во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќ на вештерките“, кој се одбележува на 31 октомври, новинската агенција Мета.мк објавува Конкурс за краток хорор расказ. Годинава конкурсот повторно го организираме во соработка со Книжевниот центар „Антолог“. Право на учество на конкурсот имаат сите млади лица на возраст од 16 до 29 години. Трудовите треба да бидат ваши и...

Објавен конкурсот за наградата „Живко Чинго“

Општина Охрид го распиша традиционалниот конкурс за најдобар расказ за наградата „Живко Чинго“. Наградата ќе биде врачена на 13 август, на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи во неговото родно место, Велгошти. Краен рок за доставување на трудовите до Општината е 31 јули. Жири-комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8 август.  

Поезија на Урошевиќ претставена на Саемот за книга во Солун

Солунските љубители на литературата имаа можност да се запознаат со македонското современо литературно творештво и култура на 13. Меѓународен саем на книгата во Солун, кој се одржува од 12 до 15 мај. На саемот има посебен македонски штанд, на кој се изложени книжевни дела што го претставуваат современото македонско творештво, монографии и научни дела за македонската култура и традиција. Покрај...

Расказот „Мојата куќа во Крс-џамија“, најдобар на конкурсот „Живко Чинго“

Расказот „Мојата куќа во Крс-џамија“, испратен под шифра „Куќа“, избран е за најдобар на конкурсот распишан од Општина Охрид. Конкурсот е спроведен во рамки на манифестацијата „Вечер на Чинго“, што традиционално се одржува во селото Велгошти, родното место на Чинго. На конкурсот пристигнале 73 раскази, што за членовите на комисијата покажува дека Живко Чинго има голем број свои следбеници. Паричната награда на...

„Нова Македонија“ ги додели наградите за краток расказ

Добитниците на најдобар краток расказ на годинашниот конкурс на весникот „Нова Македонија“
Најдобар краток расказ на годинешниот конкурс на весникот „Нова Македонија“ е „Зелен клукајдрвец“ на Милован Стефановски. Втора награда на анонимниот конкурс доби Петре Димевски за расказот „Како душата се одвои од телото“, а трета доби Христо Петревски за „(Пре)раскажувачот“. Доделени се и три откупни награди – на Јосиф Џочков за „Последното слово  на Теохар Георгиев“, на Димитар Димовски за „Создавач...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...