Нова интервентна субвенција за производителите на јаболка од три денари

На 93. седница Владата донесе одлука за воведување нова интервентна субвенција за производителите на јаболка. Имено, оние производителите кои што ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи, ќе добијат субвенција од три денари за килограм предадени јаболка.

„Условот за добивање на оваа нова субвенција е родот да биде предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од пет денари за килограм. Владата ја донесе оваа одлука со цел да им излезе во пресрет на производителите на јаболка особено на оние во Преспанскиот регион, коишто претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди“, велат од Влада.