„НЛБ – Нов пензиски фонд“ со добивка од 65 милиони eвра

„НЛБ – Нов пензиски фонд“ АД Скопје прославува 10 години постоење, a работењето на друштвото во изминатите 10 години беше прилагодено на економските случувања во земјата и пошироко.

Добивката од инвестирањето на средствата на задолжителниот пензиски фонд со кој управува „НЛБ – Нов пензиски фонд“ е повеќе од 65 милиони eвра, а добивката од инвестирањето на средствата на доброволниот пензиски фонд „НЛБ – Пензија плус“ е поголема од 760.000 eвра.

Заклучно со 30 април, членството во задолжителниот пензиски фонд „НЛБ – Пензиски фонд“ достигна 182.255 члена, нето-средствата се зголемуваат со задоволителна динамика и на крајот на април изнесуваат околу 273 милиони евра.

Доброволниот пензиски фонд има 7.904 членови преку професионални и индивидуални сметки и акумулација на нето-средства што надминува 4,5 милиони евра.