Нимиц: Спорот може да се реши следната година, но нема ново магично име

По толку многу години, нема да се појави магично ново име, изјави медијаторот во спорот за името со Грција, Метју Нимиц по средбата во Брисел со преговарачите на Македонија и Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

– Решението ќе биде најдено со политичка волја и добра дипломатија – рече Нимиц, додавајќи дека прашањето за името може да биде решено следната година.

Медијаторот истакна дека климата за решавање на спорот е подобрена и во Грција и во Македонија, но не сакаше да открие дали и за кои предлози се разговарало на средбата, која доаѓа по три години пауза.