Нетанјаху: Израел ќе одговори на смртоносниот напад на синагогата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека Израел ќе „одговори остро“ на смртоносниот напад на синагогата во Ерусалим.

Според израелскиот премиер, нападот, во кој загинаа четворица Евреи, претставува „брутално убиство на Евреи кои дошле да се молат, а ги убија гнасни убици“.

Двајца палестински напаѓачи упаднаа во синагога во ерусалимскиот ултраортодоксeн кварт Хар Ноф и ги нападнаа верниците со ножеви, секири и со пиштоли. Десеттина лица се повредени во нападот.

Полицијата веднаш интервенираше, при што ги застрела напаѓачите, кои подоцна им подлегнаа на раните.