Нема да има летови Скопје-Крф, се премисли грчки „Ејџиан Ерлајнс“

Грчкиот авиопревозник Ејџиан Ерлајнс ја прекина продажбата на билети за планираната нова линија

Фото: Photo by Hendrikje Glauner on Unsplash

Иако ТАВ Македонија најави дека сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф ќе почне од 1 јуни годинава, такво нешто нема да се случи.

Грчкиот авиопревозник Ејџиан Ерлајнс ја прекина продажбата на билети за планираната нова линија. Летовите требаше да се одржуваат двапати неделно во вторник и сабота, а авиолинијата Скопје – Атина требаше да се реализира во среда и недела наутро.

Според ревидираниот распоред, а како што пренесе exyuaviation.com., Ејџиан Ерлајнс очигледно целосно откажува два неделни лета, намалувајќи ја вкупната фреквенција меѓу Скопје и Атина од секојдневни летови на пет лета неделно, почнувајќи од 4 јуни.

Компанијата не исклучува и дополнителни промени во редот на летање, наведува exyuaviation.com.