Нападнат американскиот амбасадор во Јужна Кореја

Приврзаник на идејата за обединување на Јужна и на Северна Кореја, денеска го нападна американскиот амбасадор во Сеул, Марк Липерт, јавуваат јужнокорејски медиуми.

Напаѓачот, кој, според медиумите, се викал Ким, во себе носел брич и извикувал: „Јужна и Северна Кореја треба повторно да се обединат“.

Четириесет и двегодишниот Липерт, кој ужива голема популарност во Јужна Кореја, е полесно повреден.