Над 70 жртви во воздушен напад на Газа

Израелските медиуми јавуваат дека цел на нападот бил високиот лидер на Хамас, Мохамед Деиф

Фото: Photo by Emad El Byed on Unsplash

Најмалку 71 Палестинец загинаа во израелски воздушен напад што погоди густо населена област на раселени луѓе во областа Ал-Маваси во Газа, соопшти Министерството за здравство, раководено од Хамас. Израелската војска ја означи оваа област како безбедна зона, повикувајќи ги Палестинците да побараат засолниште таму. Во нападот се повредени повеќе од 289 лица.

Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот, а израелските медиуми јавуваат дека цел на нападот бил високиот лидер на Хамас, Мохамед Деиф.

Како што јавува Би-Би-Си на местото на нападот се гледаат десетици жртви како се товараат на носилки, а снимки од теренските болници покажуваат како пациенти се лекуваат и на земја.