Националниот младински совет со повици за практиканти во Млади Хаб и промотори на Career Hub

фото: Национален младински совет

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објави три повици што се од интерес на младите лица во земјава со чија помош тие треба да стекнат вештини за водење на бизнис, според потребите на пазарот на труд преку практикантска работа во компаниите, но и за компаниите кои сакаат да бидат дел од практикантска програма со која ќе им се помогне на младите да стекнат работно искуство и работни вештини според потребите на пазарот.

Проектот „МладиХаб-градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите“ е финансиран од Британската амбасада, со поддршка на претседателот на РСМ. Целта на јавните повици е да се  е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд.

Во рамки на повикот за практиканти, се обезбедува финансиски надоместок за 100 млади лица кои сакаат да поминат низ двомесечна практикантска програма. За таа цел, НМСМ ќе ги мапира правните субјекти кај кои пријавените практиканти ќе ја извршуваат праксатаимајќи ги предвид преференците на правните субјекти и интересите на практикантите. Кандидатите треба да се на возраст од 16 до 29 години, да не се во работен однос, да имаат завршено најмалку основно образование, да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од два месеца во назначен правен субјект. Тие ќе имаат назначено ментор,лице во правниот субјект кое ќе ги следи во текот на целата пракса и за тоа ќе добиваат месечен нето надоместок во висина од 12.500 денари. Со тоа ќе имаат можности за учество и за вмрежување на настани од проектот, можност за вработување по завршување на практиканството и за стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.

Промотори можат да бидат лица на возраст од 18 до 29 години, кои имаат слободно време и желба да работат динамична работа исполнета со комуникација со различни правни лица–работодавци. Тоа ќе се постигне преку три компоненти: градење практични вештини кај младите, што ќе им помогне да најдат соодветно работно место; креирање можности за нивно поврзување со работодавачите и обезбедување поддршка за вклучување на пазарот на труд како и можности за нивен личен и професионален развој. Во текот на ангажманот секој од промоторите ќе има задача да мапира бизниси според заинтересираните, кои ќе може да се регистрираат на CareerHub, да ја промовира платформата пред потенцијалните работодавачи, да им помогне на потенцијалните работодавачи при регистрација на платформата, да достави месечен извештај за сработеното до НМСМ, а препорачливо е секој од кандидите да регистрира минимум 10 компании месечно.

Секој од промоторите ќе склучи авторски договор со НМСМ, според кој ќе добие компензација во бруто износ од 1.000 денари по успешно регрутирана и регистрирана компанија на CareerHub. Ангажманот може да трае до декември 2021 година, доколку има заинтересираност од страна на ангажираните промотори.

Преку отворениот повик за правни субјекти (граѓански организации и претпријатија) кои сакаат да бидат дел од практикантска програма која ќе им помогне на младите да се стекнат со работно искуство и работни вештини преку кои ќе ја зголемат својата компететивност на пазарот на трудот, НМСМ ќе делува како посредник помеѓу младите заинтересирани за практиканство и правните субјекти.

Про тоа, граѓанските организации и претпријатијата кои ќе се пријават за практикантската работа ќе добијат: поврзување со соодветен практикант во согласност со потребите на правното лице од страна на НМСМ, покривање на нето месечен надомест од 12.500 денари во времетрање од два месеца за практикантот, поддршка во процесот на практиканство, потенцијал за обликување и градење на нов кадар во организацијата преку практикантската програма.

Правните субјекти треба да имаат најмалку еден вработен, да имаат регистрирано профил на mladihub.mk, да имаат својство на правно лице и да назначат одговорно лице кое ќе го менторира практикантот, да назначат одговорно лице кое ќе комуницира со НМСМ за потребите на практикантската програмата, да праќаат месечен извештај за напредокот на практикантот и да го оценат задоволството од учеството во ваквата програма по нејзиниот завршеток. Практикантската работа се очекува да започне најдоцна до октомври 2021 година, а ќе трае два месеца.