четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: млади лица | 13 резултати

Зошто младите од генерацијата „Зед“ се чувствуваат истоштено на своите работни места?

26 мај 2022

Исцрпени и под притисок уште во најраната фаза од нивната работна кариера. Многу од младите од генерацијата „Зед“ (Gen-Z) се чувствуваат истоштени на своите работни места и дожуваат ‘burn out’, пишува Би-би-си во анализата на овој актуелен проблем во денешните општества. Анкетно истражување спроведено од веб-страницата за работни места Indeed покажа дека работниците од двете […]

ИСТРАЖУВАЊЕ: Младите сакаат авторитарни лидери, веруваат и во некои од дезинформациите за ковидот

16 мај 2022

Високи 82 отсто од младите сметаат дека на нашата земја ѝ е потребен лидер со цврста рака, а омилени политичари им се авторитарните лидери на Балканот и низ светот. Покрај тоа, мнозинството од младите веруваат во некои од дезинформациите за ковид-19 пандемијата што се шират низ земјава. Високи 57,8 отсто од испитаните млади рекле дека […]

Проблемот со младите бездомници во Македонија го надминува капацитетот на социјалните услуги

30 април 2022

„Организација за домување и станари“ (ОДС) во соработка со Цивика Мобилитас неодамна изработи и промовираше ново истражување насловено како „Младите лица и домувањето“, во кое се анализира и темата за младите лица без живеалиште што живеат во Република Северна Македонија. Станува збор за испитувања што досега немаат добиено генерална видливост, односно се анализираат скриеното и […]

Стручна анализа на професорот Никола Крстаноски: Зошто младите не сакаат да користат јавен превоз?

12 март 2022

По објавената анкета на тема користењето на услугите на јавниот превоз од страна на младите, која што Мета.мк ја спроведе заедно со „Студентарија“, универзитетскиот професор на Отсекот сообраќај и транспорт при Техничкиот факултет во Битола, д-р Никола Крстаноски го дава своето стручно мислење во однос на тоа зошто интересот на младите за користење на јавниот […]

Младите можат да го најдат патот до сопствен бизнис ако имаат идеја, цел и мотивација

30 јули 2021

Има шанси во државава за секој млад човек кој својата иднина ја гледа тука, наместо  надвор. Само треба да се биде упорен и да се употребат, како сопствените, така и  можностите и поддршката од институциите кои нудат разни програми со цел да се зголеми вработеноста кај младите луѓе, како и да им се помогне со отпочнување на свој бизнис.  Вака проценува Настасија Штерјова (27г.) која заедно со својата сестра, Михаела (24) пред неколку месеци стартуваа со свој бизнис, […]

Националниот младински совет со повици за практиканти во Млади Хаб и промотори на Career Hub

17 јули 2021

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објави три повици што се од интерес на младите лица во земјава со чија помош тие треба да стекнат вештини за водење на бизнис, според потребите на пазарот на труд преку практикантска работа во компаниите, но и за компаниите кои сакаат да бидат дел од практикантска програма со која […]

Порталб: Секој четврти во земјава кој останал без работа е млад, младите без перспектива

4 јули 2021

Младите се едни од најранливите категории кога станува збор за работничките права. Стапката на невработеност кај младите во Северна Македонија е една од највисоките во Европа. Пазарот на труд денес бара повеќе вештини и прилагодување кон новите достигнувања, креативност, способност да се размислува на иновативен начин и во таа насока треба да се развие формалното […]

Жртви на ковид-19 денеска се 23 годишен и 29 годишен пациент од Скопје и од Струмица

15 септември 2020

Корона вирусот одзеде и два млади живота, лица на 23 и на 29 годишна возраст. Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во земјава починале 9 лица од ковид-19: еден од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и […]

Прифатени се околу 5.000 приговори за домашна платежна картичка за млади лица до 29 години

13 јули 2020

Околу 5.000 приговори се прифатени за домашната платежна картичка од категоријата Млади лица – средношколци и студенти од 16 до 29 години, напиша на својот Фејсбук профил, министерката за финансии, Нина Ангеловска. „Проверка на сите поднесени приговори од оваа категорија граѓани ја врши Министерството за образование и наука, а во текот на следните неколку денови […]

Страна 1 од 1