На Институтот за радиологија набавен нов дигитален РТГ апарат наменет за деца

„РТГ апаратот е набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари. Тој е неопходен за најмладите пациенти и посебно важен за дијагностиката“, рече министерот Меџити

Фото: Министерство за здравство

Нов дигитален рентген апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца, има од неодмна на Институтот за радиологија. Денеска министерот за здравство Фатмир Меџити беше во посета на Институтот.

„Инсталирана и завршена е техничката обука за користење на апаратот. Набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари. РТГ апаратот е неопходен за најмладите пациенти и посебно важен за дијагностиката. Ваков сличен апарат имаше и претходно на кој во просек се работеа околу 3000 прегледи за најмладата популација до 14 години“, наведено е во соопштението од Министерството за здравство.

Меџити кажа и дека оваа установа добила и мамомат со томографија и стереотаксична биопсија, како и ехо апарат со еластографија кои се важни за рана дијагностика на рак на дојка.

„Ова покажува дека водиме грижа за рано детектирање и превенција од ваков тип малигно заболување“, додаде тој.